ММС

Објавено на: 02/18/21 9:41 AM

Грчките медиуми за почетокот на вакцинацијата во Северна Македонија

„Северна Македонија: Започна програмата на имунизација благодарение на вакцините што ги доби од Србија”; „Коронавирус: Започна вакцинацијата во Северна Македонија”;„Северна Македонија: Започна вакцинацијата со вакцините од Србија”, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за почетокот на имунизацијата нашата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Електронските изданија на медиумите во Грција, го пренесуваат текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, во кој пишува дека први се вакцинираа докторка и медицинска сестра од Инфективната клиника во Скопје.

АНА-МПА коментира дека „почетокот на имунизацијата беше овозможен, благодарение на 4.680 дози на вакцината Фајзер / БиоНТек, што Северна Македонија во неделата ги доби од Србија”.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.