ММС

Објавено на: 02/18/21 8:08 AM

Гостивар ќе добие нов Младински ресурсен центар

Денеска во Гостивар ќе биде отворен новиот Младински ресурен центар на кој ќе присуствува министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика на отворањето на центарот ќе присуствуваат и швајцарската амбасадорка во земјава Сибил Сутер, постојанта претставничка на УНДП во државава Нарине Сахакјан, градоначалниците на Тетово и Гостивар, Теута Арифи и Арбен Таравари и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), Абдилменаф Беџети.

По церемонијата на отворање на Центарот се предвидени изјави на присутните.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.