ММС

Објавено на: 02/18/21 12:02 AM

Скандал во Бразил: Покрената истрага, стари лица биле вакцинирани со „празни“ вакцини!

Полицијата во Рио де Жанеиро почна истрага поради извештајот дека на одреден број луѓе од ризичната група им се дадени вакцини „на празно“. Откако на социјалните мрежи се појавија снимки од здравствени работници кои вакцинираат постари луѓе со целосно празен шприц, полицијата апелираше локалните власти и здравствените работници да помогнат во настојувањето да се сфати што навистина се случило со вакцините наменети за повозрасни – пренесува Ројтерс.

Во Рио де Жанеиро се забележани најмалку три случаи на она што локалните медиуми го нарекоа „инјекции со воздух“ поради сомнежот дека здравствените работници вакцинирале од празни шприцеви. Луѓето вмешни во измамата добиле отказ, а постарите луѓе кои ги примиле лажните вакцини подоцна се вакцинирани – соопштија здравствените власти.

Доколку полицијата утврди дека вакцините се пренасочени, вмешаните во тој скандал би можеле да бидат кривично гонети.

 

Вести:  илустрација / pixabay

Извор:  novosti.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.