ММС

Објавено на: 02/17/21 10:55 PM

Хрватска чека Европската агенција за лекови да ја одобри руската вакцина

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ вечерва изјави дека се воспоставени контакти со Русија за набавка на руската вакцина Sputnik V,  но дека треба да се има внимателност и да се почека одобрувањето од Европската агенција за лекови (ЕМА).

Нашите ресори ќе постават одредени прашања и барања до руската страна. Ако руската вакцина добие одобрување од Европската агенција за лекови сакаме да бидеме во позиција на време да имаме резервирано дози за да ги пополниме празнините кои во моментот постојат – изјави Пленковиќ на средба со новинарите во Загреб.

Прашан дали тоа значи дека Хрватска нема да купи дози од руската вакцина пред да одобри ЕМА, Пленковиќ одговори дека Владата сака да биде одговорна.

Кога одредена вакцина ќе дојде на пазарот со одобрување од  ЕМА, тогаш за квалитетот и евентуалните нуспојави одговара производителот, а ако дојде без тоа, одговара државата. Не сакаме да бидеме во ситуација да немаме на пазарот нешто што е непроверено – објасни Пленковиќ. Тој додаде дека со Русите не разговарале за дена, но доколку дојде до таа фаза, цената ќе биде иста како и за другите држави.

На прашање за застојот во испораката на нарачаните вакцини во ЕУ, тој рече дека се работи на забрзување на процесот. До крајот на март Владата очекува уште 600 илјади дози вакцини од различни производители.

Од хрватското Министерство за здравство пак, претходно истакнаа дека се размислува за набавка на руската вакцина пред таа да биде одобрена од Европската агенција за лекови. Ресорниот министер додаде дека основен услов за набавка на руската вакцина е нејзината сигурност, но и ефикасноста. Кога ќе се утврди дека тие услови се исполнети, хрватската агенција би можела независно од ЕМА да ја овозможи примерната на се уште неодобрениот лек.

Портпаролот на Руската амбасада во Хрватска, Матвеј Сидоров изјави дека руската вакцина би можела да дојде во Хрватска за една или две недели, под услов хрватската и руската страна да постигнат договор за вакцината – пренесе агенцијата Хина.

 

Извор:  rtcg.me


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.