Знаев дека некој ќе праша, но не е ни време ни место за тоа прашање. Се борам со тоа да останам културна и воспитана девојка, но да не им дозволам на новинарите да навлезат во тоа, бидејќи во прашање е многу интимна работа која е во судски процес. Ова во изјава за српскиот портал Нова го истакнува актерката Ива Илинчиќ, која е една од девојките што поднесоа пријава против професорот Мирослав Мика Алексиќ.
Ги разбирам новинарите и нивната работа, но тоа е нешто најприватно. Немав страв да се појавам денес овде, само се молев никој да не настојува со тие прашања, бидејќи овде се собравме поради едно убаво театарско случување и треба да зборуваме за тоа – изјави младата актерка по денешната прес конференција што ја организираше Драмскиот театар во Белград.
Театарот одржа прес конференција по повод новата премиера што е закажана за 20 февруари. Претставата се занимава со прашањето за манипулациите, а една од главните улоги ги игра токму Ива.
За време на настанот новинарите ја прашаа за коментар за постапката против Алексиќ.
„Глумата е мое бегство од се’. Борбата тукушто почна, но јас сум подготвена“, кусо изјави актерката.