ММС

Објавено на: 02/17/21 9:57 PM

Јапонија воведува Министерство за осаменост: Владата почнува борба против обидите за самоубиство

Јапонската Влада објави дека е загрижена поради зголемената стапка на самоубиства меѓу осамените жени и поради тоа одлучи да воведе нова функција – министер за осаменост.

Според резултатите од истражувањето, објавено од јапонската влада во 2019 година, во Јапонија живеат рекордни 35,15 милиони луѓе на возраст од 65 години и повеќе, што е 27,7 проценти од вкупното население. Освен тоа, од година во година расте бројот на осамени стари луѓе. Според податоците од 2016 година, околу 6,56 милиони постари луѓе живеат сами, а во оваа статистика спаѓаат секој петти маж и секоја четврта жена над 65 години. Се очекува дека бројот на постари осамени луѓе ќе продолжи да расте и до 2035 година ќе достигне до 8,41 милион.

Осамениот живот не носи само секојдневни потешкотии, туку и катастрофален недостиг на комуникација.  Новиот министер ќе треба да размисли зошто повозрасните луѓе се изолирано од општеството и што би требало да се направи за да се избегне смртта како последица на осаменоста.

Нагло зголемување на бројот на самоубиства

Пандемијата со коронавирусот сепак не ги доведе во тешка ситуација само постарите луѓе. Бројот на самоубиства во Јапонија од јули до септември ланската година ги надмина сите прогнози.  Причините за тоа може да бидат различни, но на еден или друг начин се поврзани со осаменоста. Воздржувањето од излегување поради појавата на ковид-19 би можело да доведе до социјална изолација на граѓаните и допрва да предизвика ментални здравствени проблеми како што се депресијата и анксиозноста.  Уште една потенцијална причина за пораст на бројот на самоубиства меѓу жените може да биде и семејното насилство, за што повеќе пати јавно говореше и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Како што изјави јапонскиот премиер, Јошиде Суга проблемот со осаменоста во земјата се влошил поради рестриктивните мерки поврзани со пандемијата. Јапонија не е првата земја која се соочува со овој проблем. Функцијата министер за осаменост во Велика Британија беше воведена во 2017 година од страна на тогашната премиерка, Тереза Меј.

„За голем број луѓе осаменоста е тажна реалност. Сакам да ги заштитиме сите и да преземеме мерки за борба против осаменоста на постарите и на кои ги изгубиле саканите, оние кои немаат со кого да разговараат, немаат со кого да ги споделат своите мисли“, изјави тогаш Меј.

Владата на Обединетите Арапски Емирати отиде подалеку па воведе функција министер за среќа.

 

Извор: novosti.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.