ММС

Објавено на: 02/17/21 9:00 PM

Малоун: Јокиќ буквално на грб го носи овој тим на Денвер Нагетс

Исфрустрираниот тренер на Денвер Нагетс, Мајк Малоун, по поразот од Бостон Селтикс јавно и остро реагираше на резултатот на неговиот, откако Никола Јокиќ постигна 43 поени во поразот.

Српскиот центар забележа 43 поени на дуелот против Селтикси, но само четири поени од нив беа постигнати во последната четвртина. По завршувањето на мечот тренерот Мајк Малоун побара од неговите кошаркари да се издигнат и да му помогнат на „големиот човек“ под обрачите.

-Тој не останува без гориво (реферирајќи на само четирите поени во последните 12 минути). Нему му е потребна помош. Ние играме бек-ту-бек натпревари и секоја вечер Никола излегува на терен и буквално на грб го носи својот тим. Потребно е некои од момците да се покажат и да му пружат помош, не штедеше зборови за „ESPN“, Maјк Малоун.

 

 

 

Извор:

sportando.basketball


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.