ММС

Објавено на: 02/17/21 8:43 PM

Ивица Скелин не е повеќе тренер на КК Сплит

Некогашниот европски шампион под името „Југопластика“, денес го отпушти својот тренер Ивица Скелин. Како што објаснуваат од КК Сплит, договорот помеѓу клубот и сега веќе поранешниот тренер е спогодбено раскинат.

Само петте победи сезонава во АБА лигата, ги натераа челниците на Сплит за промена на тренерското место, а Скелин го напушта славниот клуб по 18 кола во најдобрата екс-ју кошаркарска лига.

Сплиќани во следните неколку денови се очекува да го објават неговиот наследник. Во моментот сплит се наоѓа на осмата позиција на табелата во АБА лигата со учинок од пет победи и дури 13 порази.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.