ММС

Објавено на: 02/17/21 5:42 PM

Продолжува сагата со семејството Мемедови и нивното болно едномесечно бебе, Социјалната служба излезе на терен

Продолжува сагата со семејството Мемедови од Делчево и нивното болно едномесечно бебе. Заради утврдување на фактичката состојба на терен и поради нивната изјава дека не добиваат доволно грижа и помош од институциите, ова семејство го посети Комисијата за социјална заштита при Локалната самоуправа и Невладината организација КХАМ од Делчево, кои по извршениот увид, заедно со партнерите од Црвен крст и Здрвствен дом Делчево, информациите за состојбата на Мемедови ги споделија со јавноста.

-При оваа посета утврдено е дека тие се корисници на гарантиран минимален приход од над 8000 денари, констатирано е дека малото бебе нема здравствена книшка и извод, а таткото се наоѓа во тешка здравствена состојба заради што им е потребна помош. Од наша страна беше дадено правно описменување, односно информации кои им се потребни за издавање извод на детето. Вториот чекор е да добијат еднократна парична помош од 20 илјади денари од Центарот за социјални работи, кои треба да послужат за лекување на нивното едномесечно бебе, истакна Зоран Биковски од НВО „КХАМ” Делчево.

Биковски додаде дека од извршениот увид, исто така е констатирано дека не постојат услови за живеење во прифатилиштето во кое се сместени. Дополни дека ова семејство по одбивањето на социјален стан пред неколку ќе добие уште една шанса за добивање стан, каде привремено ќе бидат сместени.

-Ние ова го нарекуваме втора шанса. Сега Мемедови имаат повторно право да аплицираат за стан за станбено необезбедени луѓе, при што е потребно да ги поднесат сите потребни документи за аплицирање. Поради ова потребно е со семејството да се работи сеопфатно, да се лекува со болниот родител, да се обезбедат услови за да можат да аплицираат за секоја помош, но и истовремено семејството да се грижи за нивните деца. Од друга страна Центарот за социјални работи треба да покаже сериозен пристап, да им укажат психо-социјална поддршка и да ги следи во нивниот напредок, а ние како невладина организација заедно со Црвен крст, хуманитарно и понатаму ќе ги поддржуваме, додава Биковски.

Од Невладината организација поради немањето соодветен простор за живеење, апелираа помошта до Мемедови да се доставува во храна и облека,

-За поддршка од финансиски средства треба да се има сериозен пристап, затоа што мора наменски истите да се користат, Во однос на другата помош, потреба во моментот да се доставуваат кревети или други нешта, затоа што истите во моментот нема каде да се сместат, додадоа од НВО КХАМ.

Изразија надеж дека ќе се најде начин да му се помогне на ова семејство на семејството Мемедови, кое од друга страна како што додадоа мора да биде одговорно спрема своите деца, со што заедно со институциите ќе се најде решение за овој проблем. Во прифатилиштето каде со своите две деца живеат Мемедови веќе два дена се доставува помош во храна и облека. Помош на семејството во прехранбени пакети деновиве им бепе доставена и од Општина Делчево

 

 

 

Валери Спасевски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.