ММС

Објавено на: 02/17/21 4:38 PM

Израел и режимот на Асад разменуваат затвореници со посредство на Русија

Израел и режимот на Асад во Сирија разменуваат затвореници со посредство на Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Размената на затвореници во овој момент се одвива со посредство на Русија. Нихал ал Макт и Зијаб Кахмуз ќе бидат спасени од израелските зандани“, се истакнува во веста на режимската новинска агенција „САНА“.

Во веста, исто така, се наведува дека младата Израелка која „беше уапсена откако влезе по грешка“ во областа Кунејтра, на југот на Сирија, ќе биде ослободена.

Од друга страна, во израелските медиуми вчера беше објавено дека израелската администрација побарала од Русија да помогне во врска со хуманитарно прашање поврзано со Сирија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.