ММС

Објавено на: 02/17/21 3:12 PM

Израел ќе ги бележи вакцинираните и невакцинираните со беџови

Светскиот шампион во вакцинирање, Израел ќе почне контроверзен проект со Ковид-беџови кои со својата боја ќе објаснуваат дали личноста била вакцинирана или не и со тоа ќе има или ќе нема право на влез во ресторани или на концерти.

Израел го најави излегувањето од третиот карантин од почетокот на пандемијата благодарение на интензивната кампања со вакцинирање на населението со која е апсолутен првак во светот.

Досега се вакцинирани четири милиони Израелци или 45% од популацијата, од кои 2,6 милиони лица ја примиле и втората доза според последните податоци од министерството за здравство, што е највисока стапка на имунизација на светот.

Спроведено е и истражување на 1,2 милиони вакцинирани граѓани со вакцините на Фајзер и потврдена е нивната 94-отстотна ефикасност.

Властите сега планираат постепено отворање на фитнес-салите, трговските центри, рестораните и кафетериите. Но, не за сите затоа што е најавен систем на беџови, виолетови за оние кои не се вакцинирани или примиле само една доза и зелени за оние кои ја примиле и втората доза или го прележале Ковид-19.

Трговските центри, библиотеките, музеите кафетериите и некои места за верски служби ќе бида отворени за виолетовите, односно за сите. А фитнес-центрите, спортските и културните настани, како и рестораните ќе бидат отворени само за оние со зелени беџови, односно за оние со потврда дека примиле две дози или дека ја прележале болеста.

Освен беџови, Израелците кои примиле две дози од вакцината можат да добијат и зелен пасош за враќање во земјата.

На почетокот на пандемијата, разузнавачките служби користеа антитерористички мерки за наоѓање на луѓето кои биле во контакт со вирусот, но некои интелектуалци во Израел сметаат дека владата мора да направи рамнотеѓа помеѓу јавното здравје и слободата на поединецот.

“Во Израел секоја личност постара од 16 години може бесплатно да се вакцинира и јас мислам дека треба. Но, луѓето имаат право да не се вакцинираат ако не сакаат и владата не може никој да го присили на тоа“, истакна Хагаи Левин, професор на универзитетот во Ерусалим.

Извор: 24sata.hr

Фото: businessinsider.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.