ММС

Објавено на: 02/17/21 2:53 PM

(Видео) Не дочека да направи свадба и крштевка за децата- Загина Горан Јосифовски, познат музичар од Битола

Утрово во сообраќајна незгода загина музичарот од Битола, Горан Јосифовски (36). Од МВР информираа дека сообраќајката се случила кога „комбе“ излетало од патот, а од здобиените повреди возачот починал на лице место.

-На 17.02.2021 околу 05.25 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола – Прилеп, патничко возило „комбе”, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(36) од Битола, излетало од патот. Од здобиените повреди возачот починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во координација со Јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Битола, информираат од МВР.

Горан не само што е познат како музичар, туку вечно остана забележано кога ја запроси тогаш негова девојка, а сега сопруга Ленче на концертот на фолк пејачот Марјан Коцев во 2014 година.

-Во шок сме од утрово. Прекрасен човек. Со сите беше близок, секогаш позитивен. До лани беше дел од Екстра бенд, а последните години функционираше сам. Бевме многу блиски, како баќа. Синојка се слушнав со него, планиравме да помогнеме на семејството на Ице, колега музичар од Битола, кој почина минатата недела, рече Марјан видно потрeсен.

Горан и Марјан Коцев

Негови блиски велат дека Горан од неговото семејство, родителите и брат  му долги години е разделен, бидејки тие живеат во Америка и Канада, а само тој со семејството живеел во Битола. Бидејки не се виделе подолго време, планирале целото семејство да се собере летово во Битола и Горан со сопругата да направат свадба,а воедно и крштевка на децата.

-Не можам да поверувам во ова што се случи. Минатата недела Ице, сега Горан. Зошто вака. Го знам и Горан и неговиот брат. И двајцата се прекрасни луге, воспитани, ни рече Гавазова.

Горан со пејачките Сузана Гавазова и Татјана Стефановска

За тоа каков бил Горан како човек, сите имаат само пофални зборови и сочувтсвуваат со неговото семејство за големата загуба.

-Горан имаше и планови да замине и кај семејството. Но, пред тоа да направат летово семејна веселба. Бидејќи само на концертот на Марјан Коцев ја запроси сопругата, направија свршувачка, но свадба не направија.  Навистина весел, прекрасен човек, многу дружељубив и праведен.  И тој ја живееше корона пандемијата како и сите ние музичарите, без настапи.

Горан со Ферус Мустафов

Пред неколку месеци почна да работи во една приватна пекара, да разнесува леб. Му се здосади да седи дома. Кога се гледавме на кафе со него во Битола ни велеше- супер ми е, барем да излезам од дома и така свирки нема, велат негови блиски колеги.

Горан зад себе ја остави само сопругата туку и двете дечиња,  Далибор и Јована.

Горан со сопругата


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.