ММС

Објавено на: 02/17/21 11:08 AM

Нерамноправност: Во БиХ живеат 1.149 стогодишници, од нив 820 се жени, а само 329 мажи

Во Босна и Херцеговина во моментот живеат 1.149 луѓе со сто и повеќе години, од кои 820 се жени, а 329 мажи, потврдуваат од Агенцијата за идентификациски документи, јавува „Срна“, а пренесува „Дневни аваз“.

Експертите истакнуваат дека подолгиот животен век е вообичаен кај жените во целиот свет и има повеќе фактори што влијаат на тоа. Во Европа жените се подолговечни од мажите за пет-шест години, а во некои земји во светот таа разлика е уште поголема. Во Јапонија, на пример, има околу 70.000 стогодишници, од кои само 8.330 се мажи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.