ММС

Објавено на: 02/17/21 11:13 AM

Комбе излетало на патот Битола-Прилеп, возачот починал на место на несреќата

Утрово околу 05.25 часот во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола – Прилеп, патничко возило „комбе“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(36) од Битола, излетало од патот.

„Од здобиените повреди возачот починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а во координација со Јавен обвинител телото е предадено на обдукција,“ информираат од Полицијата.

Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа на СВР Битола.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.