ММС

Објавено на: 02/17/21 9:26 AM

Синдикатот на полицијата бара додаток и поголеми плати за полицајците

Во текот на вчерашниот ден премиерот на Република Македонија господинот Зоран Заев јавно излезе и го презентира “Петтиот сет” кој содржи вкупно 29 мерки, во вредност од 9,7 милијарди денари или околу 160 милиони евра. Кој ќе добие пари од наведените мерки не коментираме и тоа не е наша обврска.

Согласно наведеното го упатуваме следното соопштение до Владата и премиерот Зоран Заев :

Уште на почетокот на кризата која трае веќе втора година веруваме дека знаете односно сте запознат која беше улогата на припадниците на Полицијата во борбата со справување на пандемијата. На самиот почеток на оваа појава искрено верувавме дека во тој момент немаше вработен а да не веруваше дека неговиот труд во иднина ќе биде вреднуван, знаејќи го притоа фактот како секојдневно се справува со предизвиците од кризата на терен.

Ова вчера што го изјави премиерот Заев за жал како Синдикат мораме да констатираме дека е страмно, жално и бедно и невреднување на трудот на полициските службеници.

Дозволете да Ве потсетиме дека на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски веќе неколку години наназад ја “создаде” и секојдневно ја промовира паролата „Задоволна полиција безбедни граѓани”. Одтука ќе Ве запрашаме како прв човек во Владата дали и сега откако ја заборавивте Полицијата сметате дека имаме ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА?

Согласно наведеното НАЈОСТРО СЕ СПРОТИСТАВУВАМЕ на вчерашната одлука – презентација , реагираме до Владата и БАРАМЕ да се преиспита одлуката и освен заслужениот додаток кој единствено не го добија вработените во Полицијата, дополнително да следи и покачување на платите во Полицијата во износ од 20% почнувајќи од наредниот месец.

Веруваме дека Владате ќе ја увиде грешката и без разлика на политиките ќе ја донесе оваа одлука која за момент можеби ќе ја врати довербата во професијата „ПОЛИЦАЕЦ”.

Да направиме од професијата „Полицаец” една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава.

Синдикат на Полиција во Македонија


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.