ММС

Објавено на: 02/17/21 8:43 AM

Полн погодок: Сточар го отвори првиот млекомат во Србија, дневно продава по 100 литри

Пред десетина дена Србија го доби својот прв млекомат. Земјоделецот Милован Нинчиќ од селото Бранешци кај Чаетина, на Златибор, пронајде начин полесно да ја впаричи својата тешка работа и, како што вели, не се покајал зашто дневно продава по речиси сто литри млеко.

Во текот на 24 часа на граѓаните  им е дотапно свежо, домашно и полномасно млеко. Она малку што ќе остане секоја вечер го повлекуваме и потоа го вариме преработуваме во нашето домаќинство, а млекоматот го полниме со млеко кое само што сме го измолзеле“, изјави Милован, пренесува „Србија данас“.

Овој златиборски домаќин на фармата има седум крави. Пред да се одлучи да постави млекомат во центарот на Чаетина, млекото го продавал на земјоделскиот комбинат „Златибор“. Дневно таму продавал по 60 литри. Сега таа количина е значително зголемена, а и цената по литар е 80 динари.

За овој млекомат (инаку, набавен во Италија) да може да почне со работа, било потребно исполнвање на услови и стандарди, како и дозвола од Министерството за земјоделство и од надлежните инспекции. Ако работата продолжи со ваква динамика, Милован планира следниот млекомат да го постави во ценатрот на Златибор.

Фотографии: „Рина“


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.