ММС

Објавено на: 02/17/21 8:22 AM

Дваесетина починати од студот и снежните бури во САД

Дваесетина луѓе починаа во четири сојузни американски држави, како последица на студот и бранот снежни бури што деновиве ги зафатија јужните делови на САД.

Електродистрибуцијата во Тексас, во кој температурите сега се пониски и од Алјаска, е нарушена откако рекордната побарувачка за енергија предизвика прекин во снабдувањето, а луѓето користат ризични начини за загревање на просториите. Во Северна Каролина, пак, удри торнадо и загинаа најмалку три лица, а повредени се десетина.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.