ММС

Објавено на: 02/16/21 11:01 PM

Мбапе и ПСЖ ја разбија очајната Барселона

Килијан Мбапе ја одбележа првата осминафинална вечер во Лигата на шампионите. Ѕвездата на ПСЖ постигна три гола во победата на францускиот првак против Барселона на Камп Ноу од 4:1 и речиси го обезбеди пласманот меѓу осумте најдобри екипи во Европа.

После пеналот на Лео Меси со кој Барселона поведе со 1:0, работите во свои раце ги презеде младиот напаѓач на Париз Сен Жермен и се погрижи за израмнување уште пред полувремето.

Мбапе му донесе водство на ПСЖ од 2:1, Моис Кин зголеми на 3:1, а победата ја запечати Мбапе со гол на пет минути до крајот на натпреварот.

Во вториот дуел од осминафиналето, англискиот првак Ливерпул го совлада германски Лајпциг со 2:0.

фото: football-espana.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.