ММС

Објавено на: 02/16/21 8:43 PM

Во Хрватска доаѓаат најмалку еден милион дози руска вакцина

Цел на Хрватска е во следните седмици да набави најмалку милион дози од руската вакцина против Ковид-19, „Спутник“, а можно е и дури и повеќе од тоа, ако има потреба. Неофицијално се зборува и за два милиона, екслузивно дознава „Јутарњи лист“.

Со тоа Хрватска, заедно со пратките од други производители на вакцина, до летото би можела да вакцинира 70 отсто од популацијата, колку што, како што се верува, е потребно за епидемијата да се сопре, а тоа тогаш би значел и одличен старт на туристичката сезона која е многу важна за Хрватска, пишува „Јутарњи,хр“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.