ММС

Објавено на: 02/16/21 8:24 PM

На барање на ССМ продолжува финансиската поддршка за исплата на плата

На барање на Сојузот на синдикатите на Македонија и со петтиот пакет мерки продолжува ваквата финансиска поддршка за исплата на платите на работниците со што се спречи да бидат доведени во прашање работните места на работниците во погодените сектори.

– Условите за добивање на финансиската поддршка за плати се истите како и за четвртиот пакет мерки, со тоа што на наше инсистирање, работодавачите мораат да го задржат бројот на вработените заклучно со 31 декември 2020 година со што, работниците кои ги изгубиле своите работни места во јануари и февруари ги враќаме на работа, доколку работодавачите сакаат да добијат финансиска поддршка за исплата на плати, а ги гарантираме и нивните работни места во периодот додека се користи мерката и месеците по завршување на истата, а истото се однесува и за работодавачите кои ќе сакаат да користат од мерката за бескаматни кредити, наведоа од ССМ.

Дополнително на барање на работниците, ССМ бараше, работодавачите да добијат поголемо даночно ослободување при исплата на регрес за годишен одмор, а Владата прифати таквото даночно ослободување да биде за исплатен регрес за годишен одмор во висина до 80 отсто од просечната плата, со што надмината е пречката работодавачите да исплаќаат и повисок износ на регрес за годишен одмор од утврдениот во висина од 40 проценти и за тој износ да не бидат дополнително оданочувани, па апелираме сите работодавачи да ја искористат ваквата поволност и да исплаќаат регрес за годишен одмор во висина од 40-80 проценти од просечната плата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.