ММС

Објавено на: 02/16/21 8:12 PM

Уште еден тежок пораз на ракометарите на „Металург“ од „Висла“ во Европската лига

Ракометарите на скопски „Металург“ за неколку дена го доживеаја и вториот тежок пораз од „Висла“ од Плоцк во Европската лига. Во првиот, скопјани загубија со 38-19, а на вториот, кој исто така се одигра во Полска, со 35-20.

Малку поцврст отпор „Металург“ даваше во првото полувреме, кое го загуби со 16-10. Уште од стартот на вториот дел, домаќините ја зголемија предноста и рано го решија мечот. Во петтиот пораз од вкупно шест меча, најефикасен кај скопани беше Серафимов со осум гола.

Вечерва во Европската лига битолски „Еурофарм Пеистер“ дома го пречекува „ГОГ“ Гудме.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.