ММС

Објавено на: 02/16/21 7:15 PM

Случаите со Ковид-19 опаѓаат веќе пет недели, соопшти првиот човек на СЗО

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гербрејесус, соопшти дека случаите на новиот вид коронавирус (Ковид-19) опаѓаат веќе пет недели, пренесува Анадолија (АА).

Гербрејесус на неговиот профил на социјалната мрежа Твитер се осврна на бројот на случаи со Ковид-19.

Истакнувајќи дека бројот на случаи низ светот се намалува веќе пет последователни недели, Гербрејесус рече:

„Бројот на пријавени случаи неделно е намален. Во неделата што започна од 4 јануари, бројот на случаите изнесуваше повеќе од 5 милиони, во неделата што започна на 8 февруари бројот е 2,6 милиони случаи. Односно намален е за скоро половина за само 5 недели.“

Посочувајќи дека овие бројки покажуваат дека едноставните мерки за јавно здравје се ефикасни во борбата против Ковид-19 и кога има различни варијанти од вирусот, Гербрејесус нагласи: „Сега е важно како ќе реагираме на овој тренд. Пожарот не е изгаснат, но намалена е неговата големина. Ако на некој фронт престанеме да се бориме против вирусот, тој повторно ќе се врати.“


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.