ММС

Објавено на: 02/16/21 7:34 PM

(ФОТО) Погба се сели во Словенија: Матиас е нов фудбалер на Табор Сежана

Матиас Погба, братот на далеку поквалитетниот и попознат фудбалер на Манчестер Јунајтед, се сели во Словенија. Францускиот напаѓач како слободен играч потпиша за словенечкиот прволигаш Табор Сежана и со бројот 26 на грбот до крајот на сезоната ќе го носи црвено-црниот дрес.

По неуспешната епизода на Погба во шпанска Расинг Мурсија, Французинот со двојно гвинејско државјанство ќе се обиде да ја зголеми ефикасноста во редовите на Табор Сежана.

Покрај Расинг, Погба има настапувано и за Турс, Врексам, Спарта Ротердам, Пескара.

 

 

Фото:

manchestereveningnews.co.uk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.