ММС

Објавено на: 02/16/21 6:50 PM

Покажа уште еднаш зошто е број еден: Ѓоковиќ после пресврт го совлада Зверев и резервираше билет за полуфиналето на АО

Повредата е минато. Светскиот рекет број еден после неверојатен пресврт го совлада германскиот тенисер Александар Зверев и се пласираше во полуфиналето од „Аустралијан Опен“.

На мечот кој заврши 40 минути по полноќ, Новак Ѓоковиќ со 3:1 во сетови (6:7, 6:2, 6:4, 7:6) успеа да се врати од негатива, манифестирајќи уште еднаш победнички менталитет и огромна натпреварувачка енергија.

Во првиот сет српскот тенисер не стартуваше добро. На тај-брејк опонентот на терен, а пријател надвор од него, „низ иглени уши“ на свое конто го додаде воведниот сет од одличниот чевтрфинален дуел.

Вториот сет, враќањето на стариот добар Новак. Србинот фуриозно го започна мини-двобојот со две брејк-топки и 4:0. На крајот Ѓоковиќ изедначи на 1:1 и освоени шест гемови наспроти оние два на Германецот.

Кога се чинеше дека истата судбина ќе го снајде Ѓоковиќ како во првиот сет, откако Зверев поведе со 3:0 и 4:1, мајсторот стапи на сцена. Пет последователни гемови и освојување на клучниот сет со 6:4.

Во четвртиот сет српскиот тенисер го врати тај-брејкот на своја страна и после три часа и 34 минути го порази фантастичниот Зверев.

Во полуфиналето на првиот Гренд Слем во календарската тенисерска година, Ѓоковиќ ќе се сретне со Аслан Карачев.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.