ММС

Објавено на: 02/16/21 5:40 PM

Вардар двапати во Скопје ќе го угости норвешки Елверум во Лигата на Шампионите

Македонскиот ракометен првак Вардар, двапати ќе биде домаќин на норвешкиот претставник во Лигата на Шампионите, Елверум. Двата натпревари помеѓу Вардар 1961 и Елверум ќе се одиграат во Скопје во СЦ „Јане Сандански“.

Првиот дуел е закажан за 21 февруари во 16:00 часот, додека пак вториот двобој што првично требаше да се одигра во Норвешка, а беше откажан поради околностите кои пандемијата на коронавирусот ги создаде, ќе се одигра исто така во Скопје на 24 февруари со почеток од 18:45 часот, стои во соопштението на двојниот европски шампион.

Натпреварите со Елверум ќе претставуваат своевидна битка за избегнување на дното на табелата во групата А во Лигата на Шампионите. Вардар по седум настапи има освоено само три бодови и се наоѓа закован на осмата позиција.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.