ММС

Објавено на: 02/16/21 4:25 PM

Две беровки, прво се скарале а потоа се степале

Две беровки, нарушените меѓусебни односи ги решавале со физичка пресметка. Настанот е пријавен во Полиција, од каде најавија дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

„На 15.02.2021 во Полициската станица Берово било пријавено дека околу 09.00 часот на ул.„23-ти Август“ во Берово, по претходна вербална расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.Ј.(40) и М.Д.(52), двете од Берово. По целосно документирање на случајот против Ф.Ј. и М.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ информираат од Полицијата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.