ММС

Објавено на: 02/16/21 4:03 PM

#CreArtSkopje: Отворен повик за уметнички престој во Скопје

Град Скопје ги известува уметниците кои живеат и работат во Скопје дека е распишан отворен повик за уметнички престој во Скопје, што ќе се одржи од 15 мај до 15 јуни 2021 година во соработка со Kic Qik, како дел од активностите на европскиот проект ко-финансиран од страна на програмата на Европската комисија „Креатива Европа“ CreArt – Network of Cities for Artistic Creation.

„Повикот се однесува за уметнички престој и работа во Скопје за двајца уметници, еден уметник кој живее и работи во Скопје и еден уметник кој доаѓа од 11-те градовите-учесници во проектот (Ливерпул, Ваљадолид, Џенова, Лече, Клермон-Феран, Руен, Загреб, Каунас, Лублин, Катовице и Авеиро). Уметниците ќе творат во просториите на КИЦ, во периодот од 15 мај до 15 јуни, а на крајот од престојот ќе се организира изложба со новосоздадените дела“, информираат од Град Скопје.

Пријавувањето за учество од страна на заинтересираните уметници е директно преку веб сајтот на проектот и се врши директно со пополнување на он-лине апликација на следниот линк. Рокот за пријавување е до 05 април 2021 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.