ММС

Објавено на: 02/16/21 3:23 PM

И по два дена откако Тетово е прекриено со снег, голем дел од споредните улици не се исчистени

И по два дена откако Тетово е прекриено со снег, голем дел од споредните улици не се исчистени, се жалат тетовци. Вината ја посочуваат во градските власти, но и во самите граѓани кои ретко пред нивниот дом и нивните локали го расчистуваат теренот.

 

Жителите велат дека после секоја поголема снежна покривка ситуацијата е таква како оваа година. Само се исчистени главните улиците и по некоја споредна.

Од Општина Тетово, велат дека не се во можност да ги чистат сите споредни улици, затоа што се работи претежно за тесни сокаци. Сепак нашите екипи се трудат сите коловози да бидат проодни.

Инаку Општина Тетово преку јавен тендер има ангажирано фирма за чистење на јавните сообраќајници од снег. Општината за оваа намена на фирмата и исплатила 7 милиони денари.

 

 

 

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.