ММС

Објавено на: 02/16/21 2:09 PM

Радијата и телевизиите ослободени од годишната давачка за концесија: Поддршка за нив со новите антикризни мерки

Вкупно 50 милиони денари за поддршка на радиодифузерите предвидува третата мерка од новиот антикризен пакет на Владата. Радијата и телевизиите кои имаат активни концесии за емитување  радио и телевизиски програми ќе бидат ослободени од годишната давачка за концесијата. Оваа мерка се однесува на 120 радиодифузери, колку што има вкупно во државата – соопшти на прес конференција премиерот, Зоран Заев.

Четвртата од петтиот пакет економски мерки исто така се однесува на медиумите. Заев најави дека ќе бидат ослободени од надоместокот за  мултиплекс фреквенциите за цела година.

Оваа мерка ги опфаќа радиодифузерите на кои ќе им се покријат трошоците за 2021 за дигиталниот терестријален  мултиплекс  и дозвола за емитување. Оваа одлука е согласно Законот за електронски комуникации, а има за цел ублажување на економските последици врз медиумскиот радиодифузен сектор предизвикани од пандемијата. АЕК како регулаторно тело согласно својот статут ќе овозможи директно да се помогне и во тој дел за најголемите радиодифузери – додаде премиерот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.