ММС

Објавено на: 02/16/21 1:46 PM

За една недела бројот на заразени со Ковид-19 се зголемил за 5,3 отсто

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 8 до 14 февруари се регистрирани 2.232 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 5,3% во однос на претходната недела, а се тестирани вкупно 16.299 материјали во лабораториите за молекуларно и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=953; 42,7%), со неделна инциденца од 154,3/100.000. Највисока неделна инциденца од 425,2/100.000 е регистрирана во Кавадарци.

Процентот на позитивност се движи од 6,8 до 16,6%, просечно 12,9%. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=583, 26,1%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30 до 39 (n=416; 18,6%), од 40 до 49 (n=408; 18,3%), од 50 до 59 (n=379; 17,0%) и од 20 до 29 години (n=276; 12,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (n=53; 2,4%) и од 10 до 19 години (n=117; 5,2%).

По добиени два негативни теста со статусот оздравени се стекнале 2.519 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување што е за 24,2% помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 43 смртни случаи од 14 градови, со намалување од 34,8%, во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 38 лицa биле над 60 години, 4 лица на возраст од 50 до 59 години и едно лице на возраст од 40 до 49 години.

Согласно анализите од МАНУ, во последниот период се детектирани поголем број нови варијанти, кои претходно не беа присутни кај пациентите во нашата држава, што може да укажува на внес на нови случаи на КОВИД-19 од странство.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.