ММС

Објавено на: 02/17/21 12:10 PM

(ВИДЕО) Девојка чисти гробишта, така го надминала стравот од духови

Девојче од Австралија пред осум години со семејството се преселила во куќа покрај гробишта. Бидејќи се плашела од духови, мајка и ја однела на прошетка. Од тогаш чисти гробишта и ги одржува уредни.

Ти Џеј Климен (12) имала 4 години кога почнала да живее во близина на гробиштата, а таа помисла ужасно ја плашела.

За да и покаже дека духови не постојат, мајка и ја однела на прошетка низ гробиштата.

-Додека бевме таму мајка ми дојде на идеја да почнеме да ги чистиме. Помислата за духови исчезна, а јас продолжив да чистам гробишта до денес, рекла Климен за Би-Би-Си.

После осум години Ти Џеј ја добила и австралиската награда „Day award“ за општествена работа во локалната заедница.

-Мајка ми плачеше кога ја добив наградата, мислам дека е многу горда на мене, рекло девојчето.

Ти Џеј на гробиштата оди еднаш до два пати неделно, каде што треба да исчисти 3500 гробови. Како што рекла, веројатно и треба околу една година за да си исчисти сите, а кога ќе заврши годината, почнува од почеток.

-Луѓето се среќни кога ќе ме видат и тоа ми се допаѓа, рекла таа.

-Тоа е место каде што се чувствувам како дома, слободно, додала таа.

Видеото може да го погледнете ТУКА.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.