ММС

Објавено на: 02/16/21 12:05 PM

Британскиот вид на вирус ја крена германската полиција на нозе, четири згради со работници ставени во карантин

Британскиот вид на корона-вирус  е еден од трите мутирани соеви идентификувани во Германија, што многу  ги загрижуваат здравствените власти.

Случајот на инфекција со британскиот вид на вирусот корона во Хам, во западна Германија, ја крена полицијата на нозе – потврди денеска  портпаролката на Полицијата.

Според градските власти, откако инфекцијата со британскиот вид Б117 е потврдена кај работник на градилиште, околу 100 полицајци биле испратени на местото на настанот, пренесува Хина, повикувајќи се на ДПА.

Четири згради во кои се сместени работниците се ставени во карантин, а сите што работат на тоа градилиште се тестираат.

Полицијата дежура пред зградите од понеделникот вечерта за да следи дали се почитуваат  мерките на карантин.

Загриженост на здравствените власти

Британскиот вид на вирус  е еден од трите мутирани соеви идентификувани во Германија што многу  ги загрижуваат здравствените власти.

Постоењето на нови видови во Германија е потврдено од Институтот за контрола на болести Роберт Кох (РКИ).

Претходно овој месец, РКИ објави дека сојот Б117 е регистриран во 13 од 16 германски сојузни покраини и во моментов опфаќа околу шест проценти од сите случаи.

Институтот, сепак, предупредува дека е многу веројатно овој број да порасне.

извор-balkans.aljazeera.net

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.