ММС

Објавено на: 02/16/21 11:50 AM

Трагедија во тетовско: Загина 80-годишна жена во пожар

Жена на возраст од 80 години го загуби животот во пожар во куќа што се случи во тетовското Жилче. Пожарот се случил околу 7 часот утринава.

– Во 7 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавен е пожар кон настанал во помошен објект до куќа во тетовското село Жилче, во кој престојувала и била пронајдена почината 80-годишната Р.Ѓ. од ова село. Пожарот го пријавил нејзиниот 44-годишен син, по што е целосно изгаснат од тетовската Територијална противпожарна единица, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Командантот на тетовската пожарна Ука Алити информира дека во гаснење на пожарот учествувале три возила со седум пожарникари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.