ММС

Објавено на: 02/16/21 11:37 AM

Емина Јаховиќ ја победи короната: Опоравувањето оди бавно, ве молам чувајте се!

Претходните денови како бомба одекна веста дека пејачката Емина Јаховиќ се бори со корона вирусот.

Синоќа Емина се огласи на Инстаграм и ги информираше своите следбеници за нејзината здравствена состојба.

– По долги 15 дена борба против вирусот, сите сме негативни на Ковид-19. Резултатите се добри, но закрепнувањето е сè уште бавно. Ви благодарам на сите што се грижите. Останете здрави – напиша пејачката во објавата на Инстаграм.

Да потсетиме, пејачката објави на социјалните мрежи пред неколку дена и откри дека е заразена со корона:

– Никогаш не размислував за тоа колку се важни сетилата за мирис и вкус. И колку сме среќни само затоа што сме здрави. Не мислам дека ова е вирус, туку ова е  отров. Ова е целосно лудило. Болеста воопшто не е лесна, затоа ве молиме сфатете ја сериозно. Мислам дека секој што има корона или го имал овој вирус точно знае за што зборувам. Луѓе, само бидете здрави. За овој Ден на вљубените, само би сакала да имам мирис и вкус на кафе или прекрасен мирис на цвеќе – рече тогаш Емина Јаховиќ.

 

Извор: Курир.рс

фото: Инстаграм

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.