ММС

Објавено на: 02/16/21 9:38 AM

Тинејџер убил крадец кој се обидел да ја ограби неговата баба

Дванаесетгодишен тинејџер пукал во еден од крадците кои упаднале во станот на неговата баба во Северна Каролина – соопшти вчера локалната полиција. Полициските службеници реагирале во саботата нешто пред 1 часот наутро по дојава за пукање на улицата  South William. Имено, две маскирани лица упаднале во станот на седумдесет и тригодишната Линди Елис, во која пукале, а чиј внук пак, пукал во крадците со цел да ги принуди на бегство.

Полицијата соопшти дека успеала да пронајде еден од крадците во близина на зградата каде се случило пукањето. Тој е пронајден со рана од куршум, а откако е хоспитализиран и подлегнал на повредата. Бабата на тинејџерот  исто така е хоспитализирана со рана, но не е во животозагрозувачка состојба.

Другиот крадец засега е во бегство. Нема очекувања дека против момчето ќе биде поднесено обвинение.

 

Извор: index.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.