ММС

Објавено на: 02/16/21 8:46 AM

Најмногу снег на Попова Шапка, најстудено во Битола

Висината на снежната покривка изутринава на Попова Шапка изнесува 51 сантиметар, 35 во Маврови Анови, 31 во Тополчани, 30 во Крушево, 27 во Пожаране, 26 во Битола, 25 во Дебар, 23 во Тетово, 21 во Берово, 20 во Претор, 18 во  Демир Капија и Ѓуриште, 17 во Прилеп, 10 во Крива Паланка и Охрид и пет сантиметри во Струмица, Виница и Куманово.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи најниски температури се измерени во Битола -22 степени,  -17 во Скопје-Петровец, -16  во Берово, -15 во Крива Паланка, Тетово, Демир Капија и Маврово, -14 во Прилеп и Штип, -13 во Дебар и Попова Шапка, -12 во Охрид, Крушево и Куманово, -11 во Претор и Пожаране, -10 во Виница, -9 во Струмица, Тополчани и Ѓуриште, -8 во Скопје-Зајчев рид и -4 во Гевгелија и Дојран.

Утрото ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 2 степена.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.