ММС

Објавено на: 02/15/21 11:00 PM

(Видео) Во престрелка во Сараево повреден Буба Корели

Амар Хоџиќ, попознат како Буба Корели, по денешното пукање во сараевската населба Ступ, за „Аваз“ изјави дека во никој случај не бил поврзан со немилиот настан.

„По повод денешниот инцидент што се случи, беше споменато моето име. Јас, Амар Хоџиќ, се најдов во погрешно време, на погрешно место и во никој случај не сум поврзан со пукањето“, рече Корели.

Претходно за „Аваз“ беше потврдено од сараевската полиција дека инцидентот се случил околу 16:30 часот и дека полицијата пронашла две повредени лица.

Исто така, едно лице е приведено на местото на настанот. Засега е непознато дали тој е сведок на немилиот настан или актер во нападот.

Повредените биле пренесени во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

Извор и фото: kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.