ММС

Објавено на: 02/15/21 9:10 PM

Време: До сабота стабилно, со ниски утрински температури, дневните во постепен пораст

Утрото ќе биде претежно ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринските температури од -18 до -7, дневните од -7 до +5 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

До сабота ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. В сабота преку денот и во текот на ноќта кон недела времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег во повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со послаб интензитет.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.