ММС

Објавено на: 02/15/21 8:55 PM

(ВИДЕО) Клоп: „Полн сум со енергија, нема потреба никој да се грижи за мене

„Формата за испаѓање“ која го следи Ливерпул во последниот месец е навистина загрижувачка. Ливерпул загуби од Барнли и Брајтон на „Енфилд Роуд“, испадна од Манчестер Јунајтед во ФА Купот и викендов доживеа тежок пораз од Лестер со 3:1. Незавидната положба на актуелниот шампион во Англија изроди низа шпекулации за иднината на германскиот стратег Јурген Клоп.

Медиумите во Шпанија инстантно го преселија поранешниот тренер на Борусија Дортмунд во Реал Мадрид или Барселона, но Германецот на денешното обраќање до јавноста експресно ги демантираше таквите гласини.

Дополнително, поради Ковид-19 рестрикциите наменети за Велика Британија, Јурген Клоп не беше во можност да допатува во Германија и да присуствува на погребот на неговата мајка. Верните навивачи ја искористија приликата да стават банер надвор од стадионот со порака „Јурген Клоп, никогаш нема да бидеш сам“.

-Полн сум со енергија. Искрено, ситуацијата е предизвикувачка. Јас сум подготвен, момците исто така. Ќе дадеме сѐ за враќање во нормала. Ви благодарам за поддршката, но навивачите може да мислат и на други работи, нема потреба никој да се грижи за мене, изјави Клоп.

 

По поразот од Лестер, Клоп изјави дека трката за титула е завршена и дека Ливерпул оваа сезона објективно ќе се бори за местата кои водат до Лигата на Шампионите.

 

 

 

 

Фото:

football365.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.