ММС

Објавено на: 02/15/21 8:40 PM

Пандев: Се срамам од аматерите во ФФМ, ова не е единствен кикс

Сопственикот на ФК Академија Пандев и капитен на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев кој вчера излезе со силни критики кон ФФМ, денеска појасни зошто ,,удри’’ по структурите на Федерацијата, кои во саботата дозволија да се одигра мечот меѓу Академија Пандев и Работнички на замрзнат терен, а остантите ги одложи. Тој тврди дека проблемите околу фунцкионирањето на Првата лига само се таложаат и никако да излезе од сивилото за кој бурно реагираат голем број клубови. Во телефонска изјава ни призна дека бил зачуден како лицата задолжени за саботниот меч дозволиле да се игра иако и двата клуба се согласиле да се одложи мечот

-Незнам како  дозволија да се игра натпревар а се знаеше какви ќе бидат временските услови за време на викендот во Македонија уште пред 5-6 дена. Некој си таму делегат и некои луѓе кажале дека теренот е добар и имало одлични услови за игра и можело да се игра. Добро е што немаше повредени . Не сум против претседателот на ФФМ,  но треба да се чукнат во глава да размислат како го водат нашиот македонски фудбал, бидејќи нашиот фудбал така не може да продолжи, вели Пандев за ММС и тврди дека се срамел како било дозволено такво нешто.

Пандев вели дека ова не е единствениот кикс на луѓето што се во Федерацијата, а притоа да се занемарат клубовите кои партиципираат во Прва и Втора лига. Според него, лигите треба да ги водат клубовите, бидејки тие го прават натпреварувањето, а не како што кажа ,,аматери“ во федерацијата кои се затскриваат зад репрезентативните резултати.

-Секаде во светот одлучуваат клубовите. Неможе некои луѓе да даваат пари, па да дојде Трајко, Петко и некој друг да одлучуваат за клубовите. Мислам редно време е клубовите да ја превземат одговорноста и јавно да кажат дека тие треба да ја водат македонската лига, оти тие се сопственици на клубовите, дават пари и мислам не треба да се молчи, треба да се излезе јавно и  да се кажат како стојат работите во Федерацијата.  Очигледно на некои им одговара така како што стојат работите, имаат загарантирано место во Европа. Се знае кој ќе испадне, а кој ќе влезе и така со години си го терат мак- фудбалот. Секоја чест  за репрезентацијата и условите, но зборам за клупскиот фудбал за Прва лига и редно време е веќе клубовите да ја превземат одговорноста и јасно да кажат дека вака не може да продолжат да се натпреваруваат во нашата аматерска лига бидејки ја водат луѓе аматери од Федерацијата, изјави Пандев за ММС.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Pandev (@goranpandev19)

 

Капитенот на македонската селекција, Горан Пандев од позиција на сопственик на прволигашот ФК Академија Пандев вели дека е крајно разочаран од случувањата во лигата . Незнае до кога може вака да се издржи кога од ФФМ клубовите немаат никаква помош, немаат свои преставници во структурите на федерацијата, а како спонзори постојано инвестираат и трошат средства.

-Да ви кажам најискрено, зошто јас да вложувам во мак фудбалот, јас изградив СРЦ , 10 години помагам на Академијата, има повеќе од 70-80 семејства кои земаат плата од клубот. Незнам како да продолжам кога не сме заштитени и немаме услови. Имаме ТВ права нула евра, единствено топки ни пуштат од Федерација, а друго нема ништо, па како Горан да продолжи да инвестира, ни рече Пандев разочарано.

Ване Трајков


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.