ММС

Објавено на: 02/15/21 7:37 PM

Се смирува состојбата со Ковид -19 во Дебар, пет дена без новозаразени

Во општините Дебар и Центар Жупа во последните пет дена не е ригистриран случај на новозаразен со Ковид-19, а се намалува и бројот на хоспитализирани во Инфективното одделение.

– Од минатот понеделник до денеска има само два нови случаи со опасниот вирус, додека последните пет дена нема ниту еден случај. Во исто време битката со опасниот вирус ја добија 38 лица, со што бројот на активни моментално изнесува 45, што наведува на фактот дека состојбата пополека се смирува, потврдуваат надлежните.

Директорот на Општата болница со општа надлежност во Дебар Баки Алили за МИА изјави дека се намалува и бројот на заразените на кои им е неопходен болнички третман.

– Во Инфективното одделение во нашата болница моментно се хосптализирани четворица пациенти сите на кислородна подршка, но во стабилна состојба. Амбулантски се третираат девет лица, кои по добиената терапија кусо одмараат и заминуваат во нивните домови. Останатата бројка од заболените се со лесна форма на болеста и се лекуваат во домашни услови, рече Алили.

Инфективното одделение располага со 20 легла, а се ангажирани осум лекари и исто толку медицински сестри и се обезбедува 24 часовна услуга за пациентите.

Од крајот на февруари, кога беа регистрирани првите два случаи, а потоа ова подрачје стана прво жариште на болеста, до сега опасниот вирус е дијагностициран кај 777 лица, од нив активни на болеста се 45, додека починале четириесеттина.

Во кругот на болнцата веќе е поставена модуларната болница, која се протега на површина од 240 квадратни метри, која ќе работи како тријажен центар со соодветна лабораторија и други простории.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.