ММС

Објавено на: 02/15/21 6:52 PM

Вонреден инспекциски надзор во ординација во Струга

Инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат вршат вонредени инспекциски надзор во објект во Струга за кој има сомнение дека е нелегална гинеколошка ординација.

Директорката на Инспекторатот, Ирина Сотирова Бухова потврди за МИА дека надзорот е во тек. Повеќе детали најави по неговото завршување.

– Вонредниот инспекциски надзор на ДСЗИ во Струга е уште во тек. По негово завршување ќе бидете информирани, стои во пораката од директорката.

Пред околу еден месец ДСЗИ изврши вонреден надзор во домот на директорот на Општата болница во Струга Мухамед Асани, каде откриле нелегална гинеколошка ординација.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.