ММС

Објавено на: 02/15/21 6:42 PM

Шахпаска: Дијалогот е отворен, целта е јасна – недела ќе биде неработен ден

Квалитено законско решение за недела како ден за неделен одмор е од клучно значење. Социјалните партнери се согласни дека исклучоци мора да има, но само во одредени дејности и тоа само кај оние работодавачи каде работниот процес е од таква природа што не може да се прекине поради техничко-технолошки процес и потребата од континуитет. За работниците што ќе работат во недела освен соодветниот додаток на плата за работа во ден на неделен одмор согласно закон и колективен договор, им следи и ден за неделен одмор кој ќе го користат во друг ден од неделата, соопшти МТСП.

Економско-социјалниот совет на денешната седница продолжи со дискусијата за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, а со кој се регулира денот недела да биде ден за неделен одмор.

– Трипартитниот дијалог е во насока на обезбедување на најдобро и најприфатливо решение  и остварување на суштинската цел недела да биде – ден за неделен одмор, односно можност за подобрување на социјалната рамноправност и благосостојбата на сите граѓани како и зголемување на продуктивноста на работниците и работничките, се вели во соопштението.

За работната верзија на предложеното законско решение покрај вицепремиерот Фатмир Битиќи и членовите на ЕСС, свое мислење дале и претставници од Државниот инспекторат за труд кои дале цврста заложба дека имплементацијата на предлог-законското решение за недела ден за неделен одмор ќе биде врвен приоритет.

– Целта на предлог Законот е овозможување на социјално праведна држава во која квалитетот, квантитетот и дигнитетот во приватниот живот на секоја една индивидуа која учествува на пазарот на трудот се гарантирани, посочуваат од Министерството.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.