ММС

Објавено на: 02/15/21 5:51 PM

Гладни и премрзнати, бездомните кучиња се’ поагресивни: Настрада фарма во Тетовско

Гладни и премрзнати, бездомните кучиња во Тетовско се се поагресивни. Тетовецот Менсур Абази остана без фарма од педестина посебни сорти на италијански кокошки

Станува збор за посебно сорта на кокошки на кои за нивно создавање Абази преку парење на исто така посебни раси работел десет години. Но кучињата скитници ги нападнаа и ниту една не остана жива. Сето тоа се случило за неколку минути во дворот на Абази. Тој не бил дома, неговите деца едвај се спасиле

Од Ветеринарната амбуланта која досега ги третираше бездомните кучиња бараат што поскоро да се реши проблемот со бездомните животни кои за нивно згрижување нема отворено тендер веќе четири месеци.

Од Општина Тетово велат дека до крајот на овој месец ќе се избере фирма односно ветеринарна амбуланта за третирање на уличните кучиња.

(З.Д.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.