ММС

Објавено на: 02/15/21 4:29 PM

Здравствените установи од Тетово се подготвени за имунизација на населението

Здравствените установи од Тетово се подготвени за имунизација на населението. Велат дека голем дел од нивниот болнички персонал покажал интерес за вакцинација која ќе започне од среда.

Вакцинацијата во тетовско ќе се спроведува во два пункта во Здравствениот дом во Тетово и во зградата на монопол. Во зависност од интересот но и бројот на вакцините ќе има отворање на нови пункотви во руралните општини од тетовско. Анкетата на Министерството за здравство покажала дека здравствените работници имаат голем интерес да ја примар КОВИД вакцината.

За тие здравствени работници кои веќе биле инфицирани, ќе има посебни протоколи кога ќе можат да ја примат вакцината

Имунизацијата се очекува да започне од среда со првата пратка на вакцини од Србија

 

 

 

 

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.