ММС

Објавено на: 02/15/21 4:07 PM

(ВИДЕО) За „кралот“ Леброн не важат истите правила: Џејмс во ракометен стил атрактивно заби преку целиот тим на Нагетси

Изминатата вечер во Колорадо за актуелниот бранител на титулата во НБА не беше завидна. Покрај повредата на Ентони Дејвис, Нагетси им одржаа лекција на Лејкерси поразувајќи ги со 122:105 и ја доставија кандидатурата за финале во западната конференција.

Српскиот центар повторно манифестираше сила под обрачите остварувајќи го шестиот трипл-дабл сезонава со 23 поени, 16 скокови и 10 асистенции. Некогашниот плејмејкер на Реал Мадрид и освојувач на Светското првенство со селекцијата на Аргентина, Факундо Кампацо, забележа од клупа 15 поени, четири асистенции и две украдени топки.

Но покрај убедливата победа на Нагетси над фаворитот број еден и непријатната повреда на центарот на „езерџиите“, уште еден момент го одбележа дуелот во Денвер. При самиот истек на првото полувреме, Леброн Џејмс ја зеде топката од својата половина, го претрча, буквално го претрча целиот терен и заби преку целата петорка на домаќинот. Малку на репутација, малку со ракометни чекори и во ракометен манир, Леброн атрактивно ги оконча првите 24 минути од двобојот, а судиите останаа неми на евидентните „чекори“ кои некогашниот играч на Мајами и Кливленд ги направи.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.