ММС

Објавено на: 02/15/21 3:32 PM

Кристина има 23 години, богат маж и 11 деца: Сакаме нашето семејство да биде уште поголемо!

Кристина Озтурк (23) живее со милионер, сопственик на хотели, Галип Озтурк, во крајбрежниот град Батуми во Грузија.

Кристина, која по потекло е од Москва, била самохрана мајка кога решила да замине на одмор во „Лас Вегас на Црното Море“.

На првиот ден по пристигнувањето таму, таа се сретнала со Галип.

Според неа, тоа било љубов на прв поглед – го видела како свој принц од бајките. Ова го потврди и самиот „принц“.

– Се чувствувам убаво со неа, таа секогаш има насмевка на усните, а во исто време е срамежлива и мистериозна. Таа е сопругата што отсекогаш сум ја посакувал за себе, небрусен дијамант со чисто и благородно срце – опиша Галип.

Набргу по оваа судбоносна средба, Кристина се преселила во Батуми и ја донела и својата ќерка Вика.

И покрај фактот дека Галип бил многу постар од неа, тој немал ништо против големо семејство, иако веќе тој имал две возрасни деца.

Парот се изјаснил дека сакал повеќе деца, но за брзо време сфатиле дека репродуктивната способност на Кристина не е соодветна за да ги задоволи нивните желби. Затоа  одлучиле да побараат помош во сурогат-мајка, што е дозволено со законот во Грузија и чини околу 8.000 евра по бременост.

– Ја родив мојата најстара ќерка Вика пред шест години, а сега имаме уште десет деца. Останатите деца се генетски наши, но ги носеше сурогат мајка – објасни Кристина и додаде:

– Не знам колку ќе има на крајот, но сигурно не планираме да застанеме на оваа бројка.

Клиниката која се занимава со сурогат мајки ги исполнила нивните желби, додека Кристина и Галип ги следеле здравствените индикатори и поставувале планови за оброци за време на бременоста.

Двојката избира само млади жени кои веќе имале барем една бременост.

Една сурогат мајка имала проблеми со одвојувањето од бебето, но немала право на тоа и морала да го предаде.

Грузија дозволи сурогат-мајчинство од 1997 година, под услов парот да биде хетеросексуално ориентиран и да биде во законска брачна заедница.

Иако сè уште ангажира сурогат мајка, Кристина не се откажува од сопствената бременост со Галип. Но, таа вели дека тоа во моментов не е изводливо, бидејќи ин витро оплодувањето би претставувало голем товар за нејзиниот организам.

– Луѓето мислат дека имам армија дадилки, а јас всушност го поминувам целиот ден со нашите деца – тврди Кристина која има цел да го создаде најголемото семејство во светот.

 

Извор и фото: .telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.