Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 755 тестирања, а регистрирани се 51 нов случаj на ковид-19 во: Скопје – 25, Прилеп – 9, Кавадарци – 7, Струмица и Струга – по 2, Куманово, Штип, Велес, Кочани, Кичево и Делчево – по 1.
Регистрирани се 308 оздравени пациенти од:
Скопје – 135, Охрид – 36, Кавадарци – 18, Струга – 15, Велес – 14, Прилеп – 12, Битола – 10, Крива Паланка – 7, Тетово и Неготино – по 6, Штип – 5, Струмица, Кочани, Дебар и Крушево – по 4, Куманово, Кичево и Гостивар – по 3, Свети Николе, Гевгелија, Берово, Пробиштип, Валандово и Македонски Брод – по 2, Радовиш, Виница, Кратово, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се 3 пациенти од Прилеп, по 2 пациенти од Скопје и Тетово, и по 1 починат е пријавен од Куманово и Охрид. Пациентите се на возраст од 54 – 87 г. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 755 тест преку: ИЈЗ-76, ЦЈЗ Скопје-49, Авицена-0, Биотек-82, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Систина-198, лабораторија Лаор–0, МАНУ-56, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 179, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 487.716 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.101, бројката на оздравени пациенти е 87.960, на починати е 2.998, а бројот на активни случаи изнесува 6.143.