ММС

Објавено на: 02/15/21 3:10 PM

Со литургија, закројување на лозите и онлајн музика винаријата „Стоби“ го одбележа празникот Св.Трифун

По по­вод праз­ни­кот Све­ти Три­фун, вчера во ви­нар­ни­ца­та „Сто­би“ по 12-ти пат се одр­жаа тра­ди­ци­о­нал­но­то за­кро­ју­ва­ње и осве­ту­ва­ње на ви­но­ва­та ло­за. Оваа го­ди­на, за раз­ли­ка од прет­ход­ни­те, по­ра­ди мер­ки­те за за­шти­та од ко­вид-19 и здрав­стве­но-безбед­нос­ни­те про­то­ко­ли, на тра­ди­ци­о­нал­но­то за­кро­ју­ва­ње на лоз­је­то изо­ста­ну­ва­ше ма­сов­но­то при­сус­тво на гра­ѓа­ни, кои со иск­лу­чи­тел­но ква­ли­тет­но ви­но, бо­га­та тр­пе­за и уба­ва му­зи­ка се тра­ди­ци­ја и бе­лег на за­кро­ју­ва­ње­то во ви­нар­ни­ца­та. Овој пат од­ме­ре­но и ди­скрет­но, но со ви­со­ка до­за на ду­хов­ност и по­све­те­ност кон ви­но­то и фи­ло­зо­фи­ја­та на „Сто­би“, за­кро­ју­ва­ње­то се одр­жа во при­сус­тво на сопс­тве­ни­кот со бли­ско­то семејс­тво и ра­ко­вод­ни­от тим на ви­нар­ни­ца­та.

Иа­ко оваа го­ди­на тра­ди­ци­о­нал­на­та ма­сов­ност на прос­ла­ву­ва­ње изо­ста­на, се­пак,  винарница „Стоби“ со желба да ја одржи и оваа традиција, организираше онлајн програма за денот на виното и истата ја донесе до домовите на љубителите на виното. Вчера вечерта сите имаа можност да уживаат во шоу со музика и комедија кое се емитуваше на Фејсбук страницата на „Стоби“, на кое задолжени за одличната виртуелна забава беа Дац и Александар, Тамара Тодевска и Атанас Атанасовски. Гледаноста беше голема, а имаше и награди за гледачите.

Винариница „Стоби“ годишно произведува 4,5 милиони литри високо квалитетно вино, од кои само 24 отсто се пласираат на домашен пазар, а дури 76 проценти се наменети за извоз на 18 пазари од регионот и светот. Најголеми извозни пазари се Кина, Сад и Русија, но значителна продажба остваруваат и во европски држави Холандија, Данска, Белгија и земјите од регионот.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.