Тетовската полиција вчера околу 23 часот во селото Теново откри 17-годишен малолетник кој управувал возило со истечена регистрација повеќе од шест месеци. Возилото е одземено согласно измените во законот за сообраќај на патиштата.
– Околу 22 часот и 25 минути, во тетовско Теново, полициски службеници на СВР Тетово времено одзеле патничко моторно возило „рено 4″ со гостиварски регистарски ознаки, што го управувало 17-годишно лице од ова село. Возилото не било регистрирано повеќе од 6 месеци. Се расчистува случајот и против него и сопственикот на возилото ќе биде изготвен поднесок, информираат од МВР.
Во петокот полицијата на автопатот одзеде и луксузно возило марка „порше” кое не било регистрирано 15 месеци. По оваа основа полицијата од крајот на декември досега одзела околу 30 возило кои ќе бидат задржани 90 дена.